Екипите на Сатеска и Дебрца, ќе имаат гостински задачи во осмата рунда од Третата македонска фудбалска лига југо-запад. Сатеска гостува во Струга кај тимот на Караорман, додека Дебрца ќе се сретне со Преспа во Ресен.
Дуелот помеѓу Караорман и Сатеска ќе се одигра в сабота во 15 часот и ќе означи почеток на возбудувањата од осмата рунда во Третата лига, а Преспа на домашен терен Дебрца ќе ја пречека в недела во 15 часот.
Двојки:
Караорман – Сатеска
Кравари – Македонија
Новаци – Стрела Спорт
Велешта – Влазними
Преспа – Дебрца
Октиси – Фљамуртари
Лирија Грнчари – Црно Буки
Табела: Велешта 18, Фљамуртари 15, Црно Буки 15, Лирија Грнчари 13, Влазними 13, Кравари 12, Преспа 10, Сатеска 10, Октиси 9, Новаци 7, Караорман 7, Дебрца 5, Македонија 4, Стрела Спорт 4
OhridNews