Фудбалерите на Охрид ја забележаа втората победа сезонава совладувајќи го Кравари на гостински терен со 2-1 во рамките од третата рунда во Третата фудбалска лига.


Охридските бели во финишот од мечот ги обезбедија трите бодови од тешкото гостување во битолскиот регион.

За охриѓани ова е втор триумф сезонава и втор на гостински терен, откако во премиерниот натпревар ја совладаа Сатеска во Волино.

Резултати: Лирија – Кораб 2-2, Караорман – Лабуништа 1-2, Сатеска – Велешта 7-0, Преспа – Фљамуртари 2-1, Кравари – Охрид 1-2, Пролетер – Влазними 2-1, Могила – Струга Трим Лум 0-2.

Табела: Лабуништа 9, Струга Трим Лум 7, Фљамуртари 6, Охрид 6, Влазними 6, Преспа 6, Пролетер 6, Велешта 6, Кораб 4, Сатеска 3, Кравари 1, Лирија 1, Могила 0, Караорман 0.

Двојки 4.коло: Кораб – Струга Трим Лум, Влазними – Могила, Охрид – Пролетер, Фљамуртари – Кравари, Велешта – Преспа, Лабуништа – Сатеска, Лирија – Караорман.

Фото: Архива
OhridNews