Екипите на Охрид и Сатеска запишаа нови три бодови на табелата во Третата македонска фудбалска лига победувајќи во мечевите од шестата рунд во првенството.

Охридските бели три бодови освоија на гостувањето во Грнчари совладувајќи го домашниот состав Лирија со 3-1, додека фудбалерите на Сатеска со 5-3 славеа на домашен терен против Могила.

Третиот охридски преставник во Третата лига, Воска очекувано изгуби од лидерот на табелата Кораб со 4-1 на гостувањето во Дебар.

Резултати: Фљамуртари – Октиси 3-1, Кораб – Воска 4-1, Лирија – Охрид 1-3, Караорман – Преспа 4-0, Велешта – Влазними 5-2, Сатеска – Могила 5-3, Кравари – Баир Кркардаш 8-1.

Табела: Кораб 18, Фљамуртари 15, Караорман 14, Кравари 13, Сатеска 9, Охрид 9, Октиси 8, Преспа 7, Велешта 6, Лирија 6, Могила 6, Влазними 5, Воска 3, Баир Кркардаш 0.

OhridNews