Екипата на Воска освои три значајни бодови, додека Охрид еден во трката за опстанок во Третата македонска фудбалска лига југо-запад. Воска на домашен терен со 3-1 го совлада Кораб, а Охрид со гол во 90-та минута обезбеди реми (2-2) со Лирија во рамките од 19-та рунда од шампионатот. Со освоените три бодови Воска побегна од опасната зона, а Охрид се одлепи на пет поени од последнопласираниот Октиси на табелата. 

Резултати: Октиси – Фљамуртари 2-1, Воска – Кораб 3-1, Охрид – Лирија 2-2, Преспа – Караорман 1-2, Влазними – Велешта 1-0.

Натпреварите од 20-та рунда на програма се утре (среда) со почеток во 16 часот, а силите ќе ги одмерат Сатеска – Влазними, Велешта – Преспа, Караорман – Охрид, Лирија – Воска, Кораб – Октиси.

Табела: Кораб 45, Фљамуртари 35, Кравари 32,Караорман 32, Преспа 31, Влазними 26, Сатеска 25, Охрид 23, Лирија 20, Воска 20, Велешта 19, Октиси 18, Могила, Баир Кркардаш.

OhridNews