По три одиграни натпревари во пролетната полусезона во Третата лига се уште фудбалерите на Вулкан немаат забележано победа.


Гостувањето на тимот на Фљамуртари, кој е едно место пред „вулканизерите“ е одлична можност за прва победа во пролетниот дел.

Со трите бодови од овој меч Вулкан комплетно ќе се врати во игра откако претрпе два порази и ремизираше еден во продолжението од шампионатот.

Двојки : Вулкан – Фљамуртари, Кравари – Караорман, Лирија – Лабуништа, Велешта – Лисолај, Кораб – Новаци, Влазними – Преспа.

Табела : Велешта 32, Преспа 30, Кораб 27, Кравари 25, Лисолај 22, Лабуништа 19, Караорман 19, Влазними 18,  Новаци 16, Фљамуртари 15, Вулкан 11, Лирија 10.

Мх.П.