Фудбалерите на Дебрца на домашен а Сатеска на гостински терен ќе ги одиграат мечевите од третата рунда во Третата македонска фудбалска југо-запад.
Дебрца, пред своите гледачи ќе го нагости фенерџијата на табелата, тимот на Враништа. Шансата за прв триумф и нови бодови на табелата Дебрца не смее да ја пропушти. Затоа се освен победа ќе биде не успех за новајлијата во третолигашкото друштво.
Сатеска ќе има супер предизвик на гостувањето кај Фљамуртари, кој има максимален скор после два одиграни мечеви во Третата лига. Дуелот на стадионот „Тефериџ“ ќе биде еден од поинтересните во третата рунда поради ривалството на двете екипи.
Двојки: Преспа – Караорман, Октиси – Велешта, Лирија – Новаци, Црно Буки – Кравари, Фљамуртари – Сатеска, Дебрца – Македонија, Влазними – Стрела Спорт
Табела: Фљамуртари 6, Влазними 6, Велешта 6, Лирија Грначари, Црно Буки, Новаци 3, Преспа 3, Сатеска 3, Октиси 3, Дебрца 1, Стрела Спорт 1, Кравари 0, Караорман 0, Македонија 0
OhridNews: