Дерби пресметката помеѓу Караорман и Охрид на Градскиот стадион во Струга во Третата македонска фудбалска лига ја одбележа пораката и поддршката од двете екипи за Мартин Стојаноски, кој во најскоро време треба да отпатува во Москва, Русија да ја изврши потребната операција за закрепнување после тешките повреди во сообраќајна несреќа. Во популарното „езерско“ дерби славеше Караорман со 4-3.
Охридските фудбалери фуриозно го започнаа натпреварот и со трите голови на Никола Секулоски поведоа со 3-0. Голгетерот на Охрид стрелаше прецизно во 6-та, 23-та и 25-та минута од мечот. Караорман од шокот се созеде во второто полувреме. Во 50-та минута Јордан Велоски намали на 3-1, десет минути подоцна Ивица Ќелешоски погоди за 3-2. Во 67-та минута Кристијан Домазетоски изедначи на 3-3, а во 70-та минута Велоски со вториот погодок го комплетираше пресвртот.
Во 22-та рунда се одигра и локалното дерби помеѓу Сатеска и Лакочереј. Домашните фудбалери победија со убедливи 5-0. Два од петте голови за Сатеска постигна Никола Шекуткоски, а по еднаш мрежата на Лакочереј ја затресија Јован Стоески, Никола Скепароски и Даниел Митрески.
Резултати: Црно Буки – Велешта 5-1, Лирија Заграчани – Лирија Грнчари, Кравари – Влазними, Октиси – Фљамуртари 0-3, Сатеска – Лакочереј 5-0, Караорман – Охрид 4-3, Новаци – Преспа 1-0
Табела: Охрид 49, Црно Буки 36, Влазними 34, Велешта 31, Караорман 30, Кравари 30, Лирија Грнчари 30, Сатеска 29, Фљамуртари 29, Лакочереј 28, Преспа 24, Лирија Заграчани 18, Октиси 18
OhridNews