Во 16-та рунда од Третата македонска фудбалска лига ќе се сретнат екипите на Караорман и Вулкан во популарната „Езерска“ пресметка.


Фудбалерите на Вулкан се наоѓаат во резултатска криза, а тоа е шанса за домашниот состав, кој во пролетната полусезона се консолидираше и избега од долниот дел на табелата.

Двојки : Фљамуртари – Влазними, Преспа – Кораб, Новаци – Велешта, Лабуништа – Кравари, Караорман – Вулкан, Лисолај – Лирија.

Табела : Велешта 35, Преспа 30, Кравари 28, Кораб 27, Лисолај 22, Лабуништа 22, Влазними 21, Караорман 19, Новаци 19, Фљамуртари 18, Лирија 13, Вулкан 11.

Ohridnews