Деветтата рунда во Третата македонска фудбалска лига ќе помине во знакот на дерби средбите кои ќе се одиграат во Охрид односно Лакочереј.

Водечката екипа на табелата Охрид Лихнидос в сабота во 14 часот и 30 минути како најава за 9-та рунда на домашен терен ќе го пречека Караорман во „езерското“ дерби. Охриѓани имаат перфектен скор после осум одиграни мечеви, а еден тест за квалитетите на составот ќе биде средбата со струшки Караорман.

Екипата на Лакочереј на домашен терен ќе се сретне со Сатеска во локалната пресметка. Фудбалерите на Лакочереј прв пат сезонава ќе играат пред своите гледачи, откако го санираа стадионот и соблекувалните. Локалното дерби се игра в недела во 14 часот и 30 минути.

Двојки 9.коло: Велешта – Црно Буки, Лирија Грнчари – Лирија Заграчани, Влазними – Кравари, Фљамуртари – Октиси, Лакочереј – Сатеска, Охрид Лихнидос – Караорман, Преспа – Новаци

Табела: Охрид 24, Велешта 16, Лирија Грнчари 15, Караорман 14, Кравари 12, Влазними 11, Црно Буки 11, Сатеска 10, Новаци 9, Преспа 9, Октиси 9, Лирија Заграчани 9, Лакочереј 9, Фљамуртари 4

OhridNews