Екипите на Охрид и Караорман со „Езерското“ дерби, кое на програмата е во недела (15ч) на спортско рекреативниот центар Атина Бојаџи ќе ги најават возбудувањата во седмата рунда од Третата македонска фудбалска лига.
На табелата пред дербито повисоко котира струшкиот состав кој се уште нема пораз, додека охридските бели имаат половичен скор по шест одиграни мечеви.
Во пресметките помеѓу екипи од Охрид и Струга никогаш не играла улога позицијата на табелата, туку желбата и мотивите за победа.
Во седмата рунда Воска на домашен терен силите ќе ги одмери со Лирија, додека Сатеска гостува кај Влазними.
Двојки: Баир Кркардаш – Фљамуртари, Могила – Кравари, Влазними – Сатеска, Преспа – Велешта, Охрид – Караорман, Воска – Лирија, Октиси – Кораб.
Табела: Кораб 18, Фљамуртари 15, Караорман 14, Кравари 13, Сатеска 9, Охрид 9, Октиси 8, Преспа 7, Велешта 6, Лирија 6, Могила 6, Влазними 5, Воска 3, Баир Кркардаш 0.
OhridNews