Екипата на Сатеска на домашен терен во Волино во 17-та рунда од првенството ќе го пречека есенскиот првак во Третата македонска фудбалска лига, Лабуништа.


Позитивната серија со две победи и реми во пролетната полусезона им дава голема надеж на фудбалерите од Сатеска во пресрет на дуелот со второпласираната екипа на табелата.

Во трите натпревари од оваа полусезона тимот на Лабуништа има само една победа и тоа над Караорман 4-0 во минатата 16-та рунда.

Двојки: Струга Трим Лум – Кораб, Могила – Влазними, Пролетер – Охрид, Кравари – Фљамуртари, Преспа – Велешта, Сатеска – Лабуништа, Караорман – Лирија.

Табела: Струга Трим Лум 33, Лабуништа 30, Кравари 29, Кораб 29, Охрид 27, Преспа 23, Влазними 22, Фљамуртари 21, Лирија 21, Сатеска 16, Караорман 16, Велешта 16, Пролетер 16, Могила 11.

OhridNews