Градскиот фудбалски клуб Охрид-Лихнидос, Лакочереј и Сатеска на домашен терен ќе бркаат бодови во втората рунда од Третата македонска фудбалска лига.
Охридските бели ќе се сретнат со Лирија Грначари, Лакочереј ќе ги одмери силите со Влазними, додека Сатеска ќе го пречека тимот на Октиси.
Во првата рунда Охрид-Лихнидос победи против Велешта (4-1), Сатеска ремизираше на домашен терен со Црно Буки 0-0, а Лакочереј изгуби од Лирија Грнчари 2-1.
Двојки 2. коло: Црно Буки – Фљамуртари, Лакочереј – Влазними, Охрид – Лирија Грнчари, Преспа – Велешта, Новаци – Лирија Заграчани, Караорман – Кравари, Сатеска – Октиси.
OhridNews