Екипите на Охрид и Лакочереј на домашен, а Сатеска на гостински терен во седмата рунда ќе бркаат нови бодови на табелата во Третата македонска фудбалска лига.

Охридските бели кои се лидери во третолигашкото друштво го пречекуваат составот на Преспа од Ресен, а Лакочереј силите ќе ги одмери со тимот на Новаци. Сатеска гостува кај екипата на Влазними.

Мечевите се играат в недела со почеток во 15 часот.

Двојки 7.коло: Лирија Заграчани – Црно Буки, Велешта – Кравари, Лирија Грнчари – Октиси, Влазними – Сатеска, Фљамуртари – Караорман, Лакочереј – Новаци, Охрид – Преспа.

Табела: Охрид 18, Лирија Грнчари 12, Црно Буки 10, Велешта 10, Караорман 10, Новаци 9, Кравари 9, Влазними 8, Преспа 8, Сатеска 7, Октиси 6, Лакочереј 6, Лирија Заграчани 6, Фљамуртари 3.

OhridNews