Екипата на Сатеска во шестата рунда од Третата македонска фудбалска лига има домашна задача, додека Охрид и Воска на гостински терен ќе ги одиграат своите мечеви.

Сатеска пред своите гледачи ќе го пречека тимот на Могила. Охрид гостува во Грнчари кај Лирија, а Воска кај лидерот Кораб кој има стопроцентен ефект после пет одиграни мечеви.

Двојки 6. коло: Фљамуртари – Октиси, Кораб – Воска, Лирија – Охрид, Караорман – Преспа, Велешта – Влазними, Сатеска – Могила, Кравари – Баир Кркардаш.

Табела: Кораб 15, Фљамуртари 12, Караорман 11, Кравари 10, Октиси 8, Преспа 7, Охрид 6, Лирија 6, Велешта 6, Сатеска 6, Могила 3, Влазними 5, Воска 3, Баир Кркардаш 0.

OhridNews