Локалната дерби пресметка помеѓу Сатеска и Воска Спорт ќе ја одбележи втората рунда во Третата македонска фудбалска лига југо-запад.
Екипите имаа различен вовед во шампионатот. Сатеска изгуби 2-1 на гостувањето кај Македонија во Враништа, додека Воска Спорт со убедливи 6-1 го совлада Октиси.
Сатеска сигурно ќе биде мотивирана да стигне до првите бодови на табелата во новата сезона, а Воска Спорт со позитивен резултат ќе ги потврди високите амбиции во третолигашката конкуренција.
Правдата на дерби средбата ќе ја дели Дарко Котевски од Битола.
Двојки:
Црно Буки – Лирија Грнчари
Стрела Спорт – Кравари
Мороишта – Караорман
Белица – Новаци
Фљамуртари – Преспа
Октиси – Победа
Сатеска – Воска Спорт
Влазними – Македонија
OhridNews