Стадионот „Атина Бојаџи“ в недела со почеток во 14 часот ќе биде домаќин на дербито од 16-та рунда во Третата лига југо-западен регион во кое ќе се сретнат Охрид и Кравари.
Домаќините против второпласираниот тим на табелата ќе ја бркаат првата победа во пролетната полусезона по ремито со Сатеска и поразот од Преспа за одново да фатат приклучот со водечките на врвот.
Екипата на Сатеска со реми и победа ја започна пролетната полусезона, а против Велешта во Ресен има изгледни шанси да ја продолжи серијата и да побегне од опасните места на табелата.
Двојки: Велешта – Сатеска, Кораб – Лирија, Лабуништа – Караорман, Фљамуртари – Преспа, Охрид – Кравари, Влазними – Пролетер, Струга Трим Лум – Могила.
Табела: Струга Трим Лум 30, Кравари 28, Лабуништа 27, Кораб 26, Охрид 26, Фљамуртари 21, Лирија 21, Преспа 20, Влазними 19, Караорман 16, Велешта 16, Пролетер 16, Сатеска 13, Могила 12.
OhridNews