Средбата на водечките екипи Велешта и Фљамуртари ќе биде дерби на колото во Третата македонска фудбалска лига, додека Сатеска на домашен терен ќе го пречека тимот на Стрела Спорт а Дебрца гостува во Новаци.
Велешта и Фљамуртари имаат идентичен скор од четири победи и еден пораз и освоени бодови после пет одиграни натпревари, но првиот тим е лидер на табелата поради подобрата гол разлика.
Возбудувањата во шестата рунда ги отвараат Новаци и Дебрца со средбата која е закажана утре со почеток во 15 часот и 30 минути. Сатеска на домашен терен ќе го пречека тимот на Стрела Спорт. Само победа им одговара на „црвените“ од Волино кои имаат само еден триумф од почетокот на сезоната.
Двојки:
Караорман – Македонија
Сатеска – Стрела Спорт
Кравари – Влазними
Новаци – Дебрца
Велешта – Фљамуртари
Преспа – Црно Буки
Октиси – Лирија Грнчари
Табела: Велешта 12, Црно Буки 12, Фљамуртари 12, Влазними 10, Лирија Грнчари 10, Преспа 7, Кравари 6, Октиси 6, Дебрца 5, Новаци 4, Караорман 4, Македонија 4, Сатеска 4, Стрела Спорт 4
OhridNews