Фудбалерите на Сатеска со гол во 90-та минута победија против Македонија од Враништа со 2-1 и ги освоија трите бодови, додека Дебрца остана со празни раце во средбата со лидерот на табелата Велешта, кој победи со 5-2 во Белчишта.
„Црвените“ од Волино на гостувањето кај Македонија ја забележаа третата победа сезонава а втора во серија. Херој на Сатеска беше Никола Шекуткоски кој беше стрелец на погодокот за победа.
Дебрца сили за надигрување со водечката екипата во Третата МФЛ, Велешта имаше триесетина минути. Гостите поведоа со 1-0 а домаќините израмнија во 30-та минута. До крајот на првиот дел гостите ја вратија предноста а во второто полувреме обезбедија сигурна победа.
Резултати:
Лирија Грнчари – Караорман 3-0
Црно Буки – Октиси 8-2
Фљамуртари – Преспа 2-0
Дебрца – Велешта 2-5
Влазними – Новаци 1-0
Стрела Спорт – Кравари 2-3
Македонија – Сатеска 1-2
Табела: Велешта 18, Фљамуртари 15, Црно Буки 15, Лирија Грнчари 13, Влазними 13, Кравари 12, Преспа 10, Сатеска 10, Октиси 9, Новаци 7, Караорман 7, Дебрца 5, Македонија 4, Стрела Спорт 4
OhridNews