Екипите на Охрид и Лакочереј ги поделија бодовите во дерби пресметката ремизирајќи 2-2, додека Сатеска со победата над Велешта 4-2 освои драгоцени бодови во битка за опстанок во Третата македонска фудбалска лига.

Фудбалерите на Сатеска целиот плен во 18-та рунда го осигура со трите погодоци во првите 35 минути од мечот. Резултатот го отвори Јован Стоески, водството го дуплираше Михајло Стеваноски, а Стоески со вториот погодок на дуелот зголеми на 3-0. Гостите намалија на 3-1, а Стоески кој комплетираше хет трик ја врати предноста од три погодоци. Велешта во финишот го ублажи поразот.

Охрид и Лакочереј одиграа возбудлив меч и на крај мораа да се задоволат со бод. Мрежите се тресеа во првото полувреме, а во второто се играше далеку поцврст фудбал. Лакочереј ги најави и ги заокружи головите, а во меѓувреме Охрид погоди два пати.

Резултати: Црно Буки – Кравари 3-0, Октиси – Лирија Заграчани 3-1, Сатеска – Велешта 4-2, Караорман – Лирија Грнчари 3-1, Новаци – Влазними 1-3, Преспа – Фљамуртари 4-1, Охрид – Лакочереј 2-2

Табела: Охрид 45, Караорман 30, Црно Буки 30, Влазними 28, Велешта 28, Преспа 26, Лирија Грнчари 24, Кравари 24,  Лакочереј 23, Сатеска 23, Новаци 22, Лирија Заграчани 21, Октиси 21, Фљамуртари 17.

Двојки 19-та рунда: Охрид – Црно Буки, Лакочереј – Преспа, Фљамуртари – Новаци, Влазними – Караорман, Лирија Грнчари – Сатеска, Велешта – Октиси, Лирија Заграчани – Кравари.

OhridNews

Трета МФЛ: Возбудливо реми на Охрид и Лакочереј во дербито (фото)