Без победник (1-1) заврши натпреварот помеѓу Сатеска и Охрид кој се одигра во Волино во 10-та рунда од Третата македонска фудбалска лига.
Мечот во Волино покрај големата желба за бодовите го одбележа инцидентот кој се случи на полувремето. Едно службено и едно неслужбено лице вербално го нападнаа главниот судија кој најави дополнителен извештај, а гостинската екипа најави жалба. Додека не се разгледа жалбата конечниот резултат не ќе може да се потврди. СВР Охрид најави целосно расчистување на случајот во најскоро време.
Сатеска со ремито ја прекина победничката серија на Охрид Лихнидос која траеше од почетокот на сезоната. Охридските бели остануваат лидери на табелата со предност од осум бодови од второпласираната Велешта.
Резултати: Црно Буки – Новаци 2-1, Караорман – Преспа 0-1, Сатеска – Охрид 1-1, Октиси – Лакочереј 3-1, Кравари – Фљамуртари 1-1, Лирија Заграчани – Влазними 2-0, Велешта – Лирија Грнчари 6-3.
Табела: Охрид Лихнидос 27 (-1), Велешта 19, Лирија Грнчари 18, Црно Буки 17, Преспа 15, Караорман 14, Влазними 14, Сатеска 13 (-1), Кравари 12 (-1), Октиси 12, Лирија Заграчани 12, Новаци 9, Лакочереј 9, Фљамуртари 7 (-1).
OhridNews