Битката за врвот на табелата во Третата македонска фудбалска лига продолжува со мечевите од 14-та рунда.


Третото коло во пролетниот дел ќе го одбележи дербито меѓу второпласираниот Лисолај и четвртопласираниот состав на Новаци.

Лидерот на табелата Велешта на домашен терен ја пречекува Лирија додека третопласираната Лабуништа гостува кај Преспа.

Двојки: Влазними – Поешево, Фљамуртари – Караорман, Велешта – Лирија, Преспа – Лабуништа, Кравари – Кораб, Лисолај – Новаци.

Табела: Велешта 30, Лисолај 27, Лабуништа 26, Новаци 25, Фљамуртари 20, Преспа 19, Кравари 17, Влазними 16, Кораб 16, Караорман 12, Лирија 12, Поешево 2.

OhridNews