После принудната еднонеделана пауза на сцена се враќаат мечевите од Третата македонска фудбалска лига југо-запад. Рестартот на сезоната ќе означи почеток на нова борба на водечките екипи за победи и освојување на бодови.
Во Третата МФЛ никогаш не било изедначено и интересно како оваа сезона. Четири екипи имаат по три победи во исто толку мечеви, а на сериозен тест се во четвртата рунда од шампионатот.
Лидерот Караорман гостува кај тимот на Фљамуртари, Новаци на гостински терен ќе се судри со Октиси, Воска Спорт против Македонија од Враништа, а Црно Буки ЗЛ на својот стадион ќе го пречека тимот на Стрела Спорт.
- Двојки:
Црно Буки ЗЛ – Стрела Спорт
Искра – Лирија
Белица – Кравари
Фљамуртари – Караорман
Октиси – Новаци
Сатеска – Преспа
Влазними – Победа
Македонија Враништа – Воска Спорт
Табела: Караорман 9, Новаци 9, Воска Спорт 9, Кравари 9, Преспа 6, Влазними 6, Црно Буки 6, Лирија 3, Македонија Враништа 3, Победа Ивањевци 3, Октиси 3, Фљамуртари 3, Сатеска 0, Искра 0, Белица 0, Стрела Спорт 0.
OhridNews