Фудбалерите на Вулкан на „Атина Бојаџи“ ја забележаа 15-та победа сезонава во Трета македонска фудбалска лига совладувајќи ја Могила со 3-0.

За „вулканизерите“ ова е втора победа во вториот натпревар откако се преселија на „Атина Бојаџи“. Два од трите погодоци постигна искусниот Васко Тасески, а третиот беше дело на Љупчо Трпоски.

Убедлив триумф во 20-та рунда славеше лидерот на табелата Младост декласирајќи го Поешево со 7-0.

Резултати : Влазними – Караорман 3-1, Лирија – Работник 6-0, Вулкан – Могила 3-0, Преспа – Враништа 3-1, Кравари – Враништа 3-1, Стрела Спорт – Кораб 2-5, Младост – Поешево 7-0, Вардино – Лабуништа 0-1.

Табела : Младост 50, Вулкан 47, Преспа 44…

Мх.П.