Денес на факултетот за туризам и угостителство се одржува третиот уписен рок за оваа учебна година. Насоките Туризам, Царина и шпедиција и Осигурување се веќе пополнати.

Од вкупно 40 предвидени места, слободни се уште петнаесет на новата студиска насока Гастрономија, исхрана и диететика, за која уписот започна во вториот уписен рок.


Отсекот Гастрономија ќе пополни еден простор кој досега беше празен во туристичките региони во земјава, со воведувањето на оваа насока гастрономијата повеќе нема да биде само вештина на готвење, туку се надеваме дека ќе се издигне во една наука за исхраната и диететиката, вели деканот на ФТУ, Проф. Д- р Сашо Коруноски.

Интересот за запишување на оваа угледна високообразовна институција годинава беше особено голем, особено за насоките Туризам и Царина и шпедиција.

Како што потенцира првиот човек на оваа високообразовна институциија, студирањето е во  согласност со  правилникот за образование на Република Македонија. Секоја наредна година ќе се запишува  според кредитите кои студентот ги постигнал, такашто квадратите ќе бидат исфрлени од програмата.

Коруновски истакна дека праксата, покрај редовните часови кои ги посетуваат студентите, веќе е значаен дел од образовната програма на факултетот.