Информацијата денеска ја потврди министерот за здравство Бујар Османи, без да соопшти дополнителни детали за последниот случај.
Со последните, вкупниот број на сомнителни случаи на заразени од грипот А (H1N1)во Македонија се искачи на триојца. Надлежните информираат дека утре треба да стигнат резултатите од анализите на крвта на четиригодишното дете од Прилеп, кое беше прв сомнителен случај на заразен од новиот грип регистриран во Македонија. Надлежните информираат дека место за паника нема и дека се преземаат сите неопходни мерки да се спречи ширењето на грипот.