epa09435448 Hands of players grab for the ball during the 2021 Women’s European Volleyball Championship, Round of 16 match between Turkey and Czech Republic in Plovdiv, Bulgaria, 29 August 2021. EPA-EFE/VASSIL DONEV

Македонската женска одбојкарска репрезентација го претрпе третиот пораз во третиот свој настап на Медитеранските игри во Оран.

„Црвено-жолтите“ попладнево загубија од Грција со убедливи 3:0, по сетови 25:18, 25:16 и 25:19.

Претходно на турнирот македонските одбојкарки загубија од Тунис и од Египет и се последни во Б-групата без бодови и со само еден освоен сет.

Грција е на првата позиција со максимални девет бодови, а за второто место во директен дуел ќе одлучуваат Тунис и Египет.

OhridNews