Најтрофејниот македонски клуб Рaботнички го совлада Амак СП со 83-64 и ја продлабочи резултатската криза во охридскиот прволигаш.
Шпедитарите на самиот старт ја “згазнаа“ топката и благодарение на одличниот удар од далечина победија во Охрид. “Езерџиите“ немаа решение за шутерски расположените Тасовски 28 поени и Угриновски 20 поени.
Во домашниот тим најпрецизни беа Агоч 17п и Фрај 16п.