Ракометарите на Климент Охридски го претрпеа третиот пораз во серија. Поуспешни од нив беа ракометарите на Прилеп кои  славеа во Охрид со  34-31 (17-16). По слабиот старт 0-5 “белите“ се созедоа и на половина од првиот дел стигнаа до израмнување   10-10 ,  следуваше игра гол за гол по која на полувреме се замина со +1.

Добрата игра во стартот на вториот дел ветуваше дека конечено младиот тим на Охрид ќе стигне до првата победа, но по водството 21-19 следуваше неразбирлив пад во играта на охриѓани , а сето тоа знаеја да го казнат гостите кои со 10-1 серија ја направија клучната разлика која успеаа да ја задржат до крајот на натпреварот .

Во наредното 4 коло охриѓани на домашен терен го пречекуваат Mлaдост од Ресен, натреварот се игра во сабота во 14 часот.