Фудбалерите на Охрид врзаа три последователни порази во првенството во Втората лига. Попладнево на стадионот „Билјанини извори“, Охрид загуби од Тетекс, минимално 0:1.
Стрелец на единствениот гол за гостите беше Здравковски во 38 минута.
Вториот охридски второлигаш Воска Спорт, загуби на гостувањето во Кратово од лидерот Силекс со 2:0. Домаќините стрелаа во 1 и 90 минута преку Антонио Каланоски и Ѓорѓи Танушев.
Во останатите средби: Велешта – Вардар 2:1, Беса – Кораб 1:2, Кадино – Гостивар 0:0.
На врвот на табелата Силекс е прв со максимални 12 бода, следи Кораб со 7, Воска има 6 бода, а Охрид е претпоследен со 3 бода, еден повеќе од фенерџијата Гостивар.
Во следното коло кое на програмата е на 25 септември Охрид му гостува на Гостивар, а Воска дома игра со Велешта.
OhridNews