Кошаркарките на Бадел 1862 го претрпеа третиот пораз во четвртиот натпревар во Јадранската WABA лига, откако вечерва загубија на домашен терен од хрватскиот тим Пламен Пожега со 60-84  (26-43).

Гостинската екипа го контролираше резултатот на натпреварот во Скопје од првата до последната минута  и заслужено дојде до својата втора победа во групата Б.

Најефикасна во редовите на Бадел беше Нина Трајчевска со 14 поени.

Македонскиот состав со ефект од една победа и три порази моментно е петтопласиран на табелата.

Идната среда Бадел му гостува на Партизан во натпревар од 5. коло.

 

OhridNews