Охрид од денеска е домаќин на Третиот Конгрес на Македонското друштво на ортопеди и трауматолози (МАДОТ).

На Конгресот кој има меѓународен карактер, ќе бидат презентирани најновите достигнувања во ортопедијата и современите техники во оваа медицинска област.

Меѓу предавачите има светски познати имиња, а своја презентација на ортопедски помагала и импланти ќе имаат реномирани фармацевтски компании.

На тридневниот конгрес на ортопедите ќе се одржат повеќе работилници на кои ќе бидат презентирани околу 250 стручни трудови.

Ohridnews