Во последните 24 часа се направени 1350 тестирања, а регистрирани е 191 случај на ковид-19, од кои 96 во Скопје, 15 во Тетово и Кочани, 13 во Прилеп…
Во болнички услови починати се 3 лица, пациент од Скопје (81г.), од Кичево (67г.) и од Струга (77г.).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 77 оздравени пациенти, 5 од Охрид.
Досега во земјата се направени вкупно 195.002 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 18790, бројката на оздравени пациенти е 15341, на починати е 756, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2693.
OhridNews