Управниот одбор на Охридска банка денеска со соопштение до медиумите информира дека преговорите со Сосиете женерал продолжуваат и оти Сосиете до овој момент се уште нема донесено финална одлука за преземање на Охридска банка.
Сосиете женерал искажа интерес за присуство на македонскиот банкарски пазар и тоа конкретно за Охридска банка во интерес за стекнување на 100% од капиталот со право на глас во Банката. Од страна на Охридска банка, согласно законските прописи, во два наврата беа дадени ценовно шувствителни информации кои го отсликуваа досегашниот тек на активности. Доколку Сосиете женерал одлучи да продолжи со постапката за преземање на банката, тоа ќе биде во согласност со позитивните законски прописи кои важат во Република Македонија вклучително и Законот за преземање на акционерски друштва, се наведува во соопштението од УО на Охридска банка.
УО воедно нагласува дека Охридска банка со Словенечкиот инвестиционен фонд „ЕД груп“ нема никаква официјална комуникација ниту информација во правец на планирано преземање на Банката