Возбудувањата во регионалната кошаркарска АБА 2 лига продолжуваат денеска со натпреварите од 5. коло во рамки на третиот турнир, чиј домаќин е Сараево.
Први на паркетот од двата македонските претставници во АБА 2 ќе излезат кошаркарите на Пелистер, кои вечерва од 18 часот за противник го имаат Широки.
Со една победа и три порази кошаркарите на Пелистер се претпоследни на табелата, но со триумф бодовно ќе се израмнат со вечерашниот противник од Босна и Херцеговина.
МЗТ Скопје Аеродром својот натпревар од 5. коло ќе го одигра утре против словенечки Хелиос Домжале (15 часот), кој е второпласиран на табелата, место погоре од македонскиот шампион.
OhridNews