Тренковски информираше дека се издвоени финансиски средства во износ од 900.000 евра за реконструкција на Општа болница и 2.000.000 евра за изградба на современ Здравствен дом. После завршувањето на проектната документација и тендерската постапка ќе се присапи кон реконструција на Општа болница, односно изградба на современ Здравствен дом, кои охриѓани ќе им овозможат пружање на здравствени услуги на едно повисоко ниво соодветно на функцијата која ја вршат овие установи.
Во рамките на посетата на Болницата за кардиоваскуларни заболувања “Св. Стефан“ Тренковски најави набавка на нова опрема со што ќе се допридонесе за проширување на дејноста на оваа установа како во областа на дијагностика така и во областа на интервентната кардиологија.
Тренковски ја посети Специјална болница “Св. Еразмо“ каде се сретна и разговараше со вработените и менаџерскиот тим и беше информиран за успешното работење на оваа установа.
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид
Центар за комуникации