Охридскиот карате клуб „Самурај“ со возрасните членови редовните тренинзи во летниот период ги одржува покрај Охридското езеро.


Каратистите предводени од Златко Кескоски (сенсеи шести дан) на плажата „Извиднички“ тренираат два пати неделно и се подготвуваат за семинарот кој ќе се одржи во август по повод 20 години постоење од карате клубот „Самурај“ во Охрид.



– Секогаш тренинзите во овој период од годината ги одработуваме покрај Охридското езеро. Тоа е нашето бесценето богаство. Многу е потешко и понапорно да се вежба во вода него на копно затоа работиме во полна пареа. – кратко прокоментира Кескоски.


Покрај тридневен семинар охридскиот клуб подготвува дружење со сите активни и поранешни членови и оживување на спомените стари 20 години.

Мх.П.