Во рамките на своите активности за подготвеност и дејствување при катастрофи, Црвен крст Охрид на 09.08.2009 г. (недела) со почеток во 19:00 ч., во месноста Канео (пред влезот во црквата „Св. Јован Канео”) ќе го отвори и пушти во употреба новиот тренинг локалитет за алпинизам и планинско спасување „Св. Јован Канео”.


Тренинг центарот за алпинизам во Охрид се отвара во недела

Во рамките на манифестацијата, а во соработка со Македонската Алпинистичка Асоцијација на локалитетот ќе биде одржана трибина на тема “Македонски Алпинизам 2009“ на која ќе учествуваат претставници на МАА и познати алпинисти од Р. Македонија. Настанот Ќе биде збогатен со изложба на алпинистички фотографии од Алпите, направени од алпинистот и професионален фотограф Александар Дончев од Струмица.

Ohridnews