Пред стартот на новото првенство тренерски ротации во малдинските погони на ФK Охрид. Триото во состав Вељаноски Аце, Лескароски Љубе и Гони Мерко потпомогнато од Настоски Игор ќе работат со фудбалската иднина на ФК Охрид.


Настоски и Гони ќе работат со пионерите и петлињата , додека со кадети и младинците ќе работат Вељаноски Аце и Лескароски Љубе.


Кадетити и младинците ќе се натпреваруваат во втортата по јачина фудбалска лига, додека пионерите и петлињата во лигите наменети за нивната возраст.


Минатата сезона пионерите на Еврофудбал под водство на Вељаноски Аце беа елиминирани во полуфиналето од плеј офот од тимот на Прилеп по изведувањето на пеналите.

М.Постоловски