Раководството на македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром, ја прифатило оставката која тренерот Боби Митев ја поднел по неделниот пораз од Будуќност (65:81), во АБА лигата пренесува „Макфакс“.


На својата интернет страница МЗТ информира дека тимот во наредниот период ќе го предводи досегашниот помошник на Митев, Александар Јончевски.

Јончевски е четвртиот тренер кој ќе го предводи МЗТ од почетокот на сезоната која на клупата ја започна Змаго Сагадин, на чије место дојде Врбица Стефанов, кој пак беше наследен од Боби Митев.

Екипата на МЗТ по 16 одиграни натпревари во АБА лигата се наоѓа на претпоследната позиција со скор од пет победи и 11 порази.

Новиот тренер Јончевски дебито на клупата на ‘металците’ќе го има в петок, на 9.декември, кога МЗТ ќе гостува кај Солнок.

 

Ohridnews