Гордан Здравков ја напушти клупата од Пелистер после поразот од Дрита 2-0. Неговото место ќе заземе Миле Димов, кој се враќа на кормилото откако го предводеше Пелистер на крајот од првата полусезона.

“Зелените“ сезонава се вратија во Првата лига, а за да обезбедат престој за уште една ќе мораат да триумфираат во бараж средбата која се игра по завршување на престојната сезона.

За охриѓанецот Дејан Лескароски ова е трет тренер сезонава во екипата. “Чкембарите“ започнаа со Горазд Михајлов, па Димов, потоа Здравков, а сезоната ќе ја заврши повратникот Димов.

Мх.П.