Македонскиот првак МЗТ Скопје во претпоследната рунда од Јадранската лига го совлада Партизан 66-64. Тренерот на “црно белите“, Душко Вујошевиќ е фасциниран од атмосферата и играта на “штрковите“ на мечот во преполната сала “Борис Трајковски“.


– Кошаркарите на МЗТ Скопје натпреварот против нас го одиграа како од победата да им зависи животот. А како не би играле пред полна сала и фантастична публика која не престана да го бодри својот тим. Јас од играта на моите кошаркари не сум задоволен, одигравме најслабо кога најмногу требаше – рече Вујошевиќ.

Да не биде трагичен поразот на Партизан од МЗТ Скопје се погрижи Црвена Ѕвезда која триумфираше над Будучност и им го отвори патот за “фајнл фор“.

Мх.П.