Тренерот на Челзи, Грахам Потер, изрази разочарување по синоќешниот пораз на англискиот клуб на гостувањето кај Борусија Дортмунд во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампиони.
Германскиот тим забележа минимална победа од 1-0 со голот на Карим Адејеми во 63 минута, додека голем чекор кон пласман во четвртфиналето направи Бенфика триумфирајќи синоќа на гостувањето кај Клуб Бриж со 2-0.
Создадовме многу шанси и упативме многу удари кон противничкиот гол, но разочаран сум од примениот гол, изјави Потер на прес конференцијата по натпреварот во Дортмунд.
Мислам дека бевме тимот што доминираше во вторите 45 минути. Во секој случај ова е само полувреме од пресметката и ќе мораме да се регрупираме пред реваншот, посочи стратегот на Челзи.
OhridNews