Англискиот премиерлигаш Арсенал ќе го затвори стадионот и ќе биде во тотална изолација, откако позитивен на тестот за корона вирусот бил тренерот на сениорскиот состав Микел Артета.

„Топчиите“ на својата официјална страна ја потврдија веста за позитивниот тест на Артета. Арсенал не го одигра мечот во средата со Манчестер Сити во заостанатиот натпревар од Премиер лигата, а веројатно нема да игра во блиска иднина бидејќи фудбалерите, стручниот штаб и сите членови треба да бидат изолирани и во карантин.

Пред да биде објавено дека Артета е најновиот случај во светот во спортот, Премиер лигата без грам осет најави дека викендов по планираниот распоред ќе се играат мечевите од англискиот шампионат. Веројатно, после случајот со Артета, челниците на ПЛ ќе се предомислат и ќе го стопираат првенството.

OhridNews