Љупчо Димитковски не е повеќе шеф на стручниот штаб на Тиквеш. Вака одлучил Управниот Одбор на клубот, незадоволен од постигнатите резултати на стартот на пролетниот дел. “Лозарите“ освоија скромни шест бода во четири кола, а капак на незадоволството бил убедливиот пораз во дербито од Охрид со 3-0.


Тиквеш лани успеа од регионот да влезе во Втората Лига и се уште е во игра за освојување на едно од двете места кои директно водат во Првата лига. По 18 одиграни рунди се наоѓаат на третата позиција со пет бода помалку од водечкиот Охрид.

Димитковски успеа да го одведе Тиквеш до полуфиналето каде ќе се сретне со бранителот на трофејот Тетекс.

М.П.