Еден тренер го загуби животот, а тројца играчи се полесно повредени при удар на гром за време на фудбалски натпревар во бугарското гратче Лесичево.
Несреќата, како што јави агенцијата БТА, се случила на локалниот стадион во Лесичево, околу 100 километри југоисточно од Софија, за време на пријателски натпревар меѓу локалната екипа и Черногорово.
Во несреќата загинал 41-годишниот тренер на домашната екипа Иван Ранчев, додека тројца резервни фудбалери се полесно повредени.
Опишувајќи ги за локалните медиумите околностите под кои се случила несреќата, градоначалникот на Лесичево, Димитар Вринчев, најави истрага и обнова на громобранскиот систем на локалниот стадион.
OhridNews
Фото: Илустрација