Ако сакате да држите чекор со најновите модни трендови, тогаш продолжете да читате. Еден тренд кој навистина привлекува внимание оваа пролет се пругите. Во овој пост можете да видите како да носите облека со пруги оваа пролет. Ако се плашите да носите таква облека, бидејќи мислите дека ќе изгледате смешно, следете ги упатствата и ќе изгледате совршено.
Секогаш би требало да ја споите облеката со пруги со совршени модни парчиња облека за да изгледате убаво. Постои едно правило во модниот свет: Носете секогаш еден принт кој се истакнува. Но, правилата постојат за да се кршат. Посебно треба да ги мешате принтовите со тенки и широки пруги со цветните принтови. А дали сте знаеле дека во вертикалните пругасти панталони или сукњи можете да изгледате повисоки, додека оние со хоризонтални пруги ствараат облини? Па девојки, носете пругаста облека и уживајте во пролетта.
извор :zenstvena.com