Зборуваме за големи проекти, а погледнете околу нас. На луѓето не им се овозможени ни најосновните потреби. Ова трае, трае, трае со години. Забораваат дека нема големи работи има само мали со голема љубов, вели кандидатот за градоначалник од ГДУ, Михаил Трендафилов Нанче.
- Доста од замајувања, доста од зборови, потребни се дела, па макар тоа биле клупи за да можат постарите да си одморат. Заборавени младите, заборавени старите, вели Трендафил.
Прашува: Зарем само покрај кејот треба да има игралишта уредни и дотерани ?!
OhridNews