Кандидатот за градоначалник на Охрид од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче, своето право на глас го оствари во избирачкото место во просториите на АМСМ во населбата Билјанини извори.
– Мирно и достоинствено се излегува на гласање. Се погоди убав ден. Се надевам дека ќе има уште поголема излезеност отколку во првиот круг и се надевам граѓаните направија правилна проценка меѓу двата круга, дека ќе го дадат својот глас за Кирил Трендафилов Нанче и дека ќе имаат нов градоначалник од понеделник, изјави веднаш по гласањето Трендафилов.
Фер и демократски избори се наша обврска – Трендафилов
Тој изрази надеж дека изборниот процес ќе заврши во демократска атмосфера, затоа што, како што рече, тоа е и должност на сите нас инволвирани во изборите, и заради европските перспективи на Македонија.
Нанче на гласање дојде со својата сопруга
Очекува граѓаните да му ја дадат довербата – Кирил Трендафилов