Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ГДУ, Михаил Трендафилов Нанче, денес, се осврна на вчера дадената изјава на вд градоначалникот Константин Георгиески, околу раздолжувањето на општината. Трендафилов Нанче ја поздравува одлука на советот, но со свој осврт кон изјавеното од страна на в.д. градоначалникот.
- Во своето излагање Георгиески вели: „Со помош на Владата почнуваме со реализација на процесот на раздолжување на Општината, нејзина финансиска консолидација и почеток на нов развоен циклус.“ Општина Охрид ќе го намали вкупниот долг за 948 милиони денари од кои 495 мил се средства обезбедени од Владата, 260 мил, по основ на камати и 192 мил од основниот буџет. Цитирам, со донесување на оваа ИСТОРИСКА одлука за Општина Охрид, долгот ќе се сведе на ниво од 530 мил, со тоа ќе се овозможи и полесен пристап до европски фондови. На повикот за спогодбено утврдување на долгот, се пријавиле повеќе од 100 доверители (тешко нив). Приоритет при исплата на доспеани, а не платени обврски имаат доверителите со кои е постигнато целосно откажување од каматата, односно намалување на главницата. Со 35 доверители е постигнато целосно откажување од каматата. По завршување на процесот на договорање успеале да остварат заштеда на долгот само по основ на камати од 260 милиони, рече Трендафилов.
Неговиот заклучок е дека со оваа помош вкупниот долг се намали за 15 милиони и 400 илјади евра и се сведе на приближно 9 милиони евра.
- Се наметнуваат следните прашања и констатации:Од каде, чии средства Владата дава? Каква порака испраќа? За да го дополни буџетот очекувајте да си издвоите средства за казни од УЈП, полиција и од кого? Од ВАС. Доверителите пресреќни намалуваат главници, отпишуваат камати. Зошто? Во меѓувреме се поставува прашање, колку пропаднале, колку опстанале и како успеале да опстанат? Дали истава постапка може да се повтори и на ниво на цела Општина со отпишување на долгови на фирми и приватни лица? После се, не научивме кој, зошто, како го направил тој долг, дали има криминал? Сево ова мора да има завршница!, порача Трендафилов.
Обраќањето го заврши со изјавата: Едните лажет, другите мамет, заедно крадет и се амнистирет.
OhridNews