На денешната завршна прес конференција кандидатот за градоначалник од ГДУ, Михаил Трендафилов Нанче се осврна на темата која, како што кажа, е еден од мотивите за негова кандидатура-злото кое е посеано во Охрид, кое се вика Раздор.

  • Раздор што го посеаја СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, со што главниот збор го имаат двата гласа од ДУИ во советот. Па така сме сведоци на катастрофата во Охрид во сите сфери. Охрид  ја доживува судбината на Кичево и Струга од 2004 година. Охрид не смее да падне, Охрид е симболот на Македонија, во Охрид не смее да се обележуваат територии со градење на 32 метарско минаре, со една единствена цел-демонстрација на моќ. Јас имам решение за проблемот- изградба на меморијален центар на културите. Јас и партијата што ме поддржува, немаме ништо против џамијата и минарето. Сакам да се изгради камбанарија до минарето. Пред 16 век на место на џамијата имало и црква, пред неа имало и ранохристијанска базилика . Ако станам градоначалник и овој мој проект стане реалност, Охрид ќе стане единственото место во светот каде ден до друг греат симболите на две големи цивилизации, рече Трендафилов Нанче.

Потенцира дека тоа е најдобриот начин на светот да му се покаже дека охриѓани имаат заеднички живот за пример.

  • Јас сакам Охрид  да грее, да биде град за пример. Јас тоа го мислам, верувам во него и затоа не дозволувајте да ве лажат повторно. Го имаме најсилното оружје- вистината , а во ваши раце се најдемократските куршуми- пенкалото и гласачкото ливче. Бидете свои заокружете го бројот 4, порача Трендафилов Нанче.

OhridNews